Давутоглу му честита на Барзани за успехот во Синџар против ДЕАШ
Давутоглу му честиташе на претседателот на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак Месуд Барзани за успехот во операцијата против терористичката ДЕАШ во Синџар
Премиерот Ахмет Давутоглу го побара по телефон претседателот на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак Месуд Барзани на кого му честиташе за усопешно реализираната воена операција на курдските сили Пешмерги против терористичката организација ДЕАШ во Синџар.
Давутоглу во телефонскиот разговор истакна дека исчистувањето на ова подрачје од ДЕАШ претставува значаен успех во борбата против оваа терористичка организација.
Премиерот Давутоглу нагаласи дека од страна на секого треба да се знае дека постигнатиот успех во оваа операција и припаѓа на силите Пешмерги.
Премиерот Ахмет давутоглу напомена дека Турција поддршката што и ја дава на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак ќе продолжи да ја дава и во иднина.
Месуд Барзани пак му се заблагодри на Давутоглу за честитањето и за пораката за солидарност.
Слични вести
