„Бегалците не се статистички податоци"

Сопругата на претседателот Ердоган, Емине Ердоган, во говорот на групата иницијатива на жените В-20 (W-20) во Анталија истакна дека бегалците за чии трагедии стануваме сведоци на вестите не се статистички податоци

366270
„Бегалците не се статистички податоци"

Сопругата на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган говореше на отворањето на првиот собир на групата иницијатива на жените В-20 (W-20), односно Жени-20 (Women-20) под наслов „Панел за жените бегалки“, а во рамките на програмата на лидерскиот самит Г-20 во Анталија.

Притоа Емине Ердоган истакна дека самата како мајка не може да прифати децата да се дават во морињата и да го губат животот во обид да преминат преку подигнатите бодликави жици.

Емине Ердоган исто така напомена дека не може да го прифати и тоа што основната мера на развојот се сведува само на економски развој.

Велејќи дека најмногу погодени од бегалската криза како голема човечка трагедија се жените и децата, Емине Ердоган привлече внимание дека бегалците за чии трагедии стануваме сведоци на вестите не се статистички податоци.

Велејќи дека основниот услов да се биде развиена земја е да не бидат газени на земја човечките вредности, госпоѓа Емине Ердоган во својот говор на В-20 (Жени-20, W-20) рече: „Во тој контекст ја повикувам меѓународната заедница на поетичен и поетички став по прашањето на бегалците. Ги повикувам лидерите, нивните сопруги, деловниот свет, граѓанските организации и сопствениците на медиумите да се мобилизираат по ова прашање. Сите заедно да се спротивставиме на секој вид зулум кој што претставува закана против иднината на човештвото, без притоа да се прави било каква религиска, јазична или расна дискриминација. Да не ги жртвуваме жените и децата за верски, секташки и етнички борби.“


Тагови:

Слични вести