Анталија домаќин на лидерскиот самит на земјите од Г-20

На самитот освен наслови како што се ,,Вклученост, Инвестиции и Апликации” ќе бидат поставени на дневен ред и реализираните терористички напади во Париз во петокот вечер

417191
Анталија домаќин на лидерскиот самит на земјите од Г-20

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ

Денеска во Анталија почнува лидерскиот самит на земјите од Г-20 чиј привремен претседавач е Турција.

На овој значаен светски собир се состануваат лидерите на 20-те индустриски најразвиени земји и земји со забрзан економски развој, како и лидери од други поканети земји и меѓународни организации.

Така покрај земјите членки на Г-20 се поканети и лидерите на Азербејџан, Шпанија, Малезија, Сенегал, Сингапур, Зимбабве како и неколку важни меѓународни организации меѓу кои и Обединетите нации (ОН).

На дводневниот самит (денеска 15 ноември недела и утре 16 ноември понеделник) во Белек, едниот од најпознатите туристички одморалишта на Анталија учествуваат повеќе од 10.000 гости, а случувањата на самитот и на неговите маргини ќе ги следат 2.469 акредитирани новинари.

Годинашниот самит на Г-20 има три основни теми: ,,Вклученост (Инклузивност), инвестиции и апликации”, кои ги претстави Турција како земја домаќин на и претседавач со земјите од групата Г-20.

Освен тоа на разговорите ќе бидат поставени на дневен ред и реализираните терористички напади во Париз во петокот вечер.

Во рамките на наведените теми ќе се обиде да се изнајде начин за интензивирање на дијалогот и соработката на земјите од Г-20 со земјите во развој и помалку развиените земји, јакнење на взаемните инвестиции и имплементација на договореното.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердиоган во својство на домаќин на самитот денеска на работен ручек ќе ги угости сите учесници, од кои поголемиот дел веќе се дојдени во Анталија.

Во оваа прилика лидерите ќе имаат можност да разговараат за прашања постветени и на развојот и климатските промени.

Форумите Б-20 и Л-20 кои што ќе се одржат во склопот на програмата на самитот ќе започнат со уводниот говор на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во својство на домаќин.

Освен тоа ќе биде одржан и собир на Жени В-20 (W-20), група која неодамна е формирана на иницијатива на Турција, а со цел поконкретна борба за полова еднаквост.

Сопругата на претседателот Ердоган, Емине Ердоган, ќе го отвори првиот собир на групата В-20 под наслов “Панел за жените бегалки”. Сите жени на претседателите и премиерите на земјите од Г-20 вечерва ќе се соберат на работна вечера.

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ

Во рамките на денешната програма пак ќе се одржат работни сесии посветени на низа актуелни прашања.

На маргините на самитот на Г-20 во Анталија претседателот Ердоган остварува и ќе продолжи да остварува и низа билатерални средби во чии рамки ќе се состане и со американскиот претседател Барак Обама, германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин и други лидери.

Во Анталија допатува и премиерот Ахмет Давутоглу кој исто така ќе реализира низа средби со лидерите на земјите учеснички на самитот меѓу кои и со германската канцеларка Ангела Меркел, саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и други лидери.

Утре (16 ноември понеделник) вториот ден од самитот лидерите ќе го искористат за разговор за ,,јакнење на отпорноста” во контекст на економската и финансиската стабилност.

Притоа меѓу темите за кои ќе се разговара ќе бидат и глобалните прашања со даночните давачки, борбата против корупцијата и реформите на ММФ.

За време на утрешниот работен ручек ќе биде разговарано и за прашања посветени на та околу трговијата и енергетиката, како и економската и финансиската стабилност, а исто така е планирано и усвојување на акционен план со кој ќе конкретизират некои мерки.

На крајот од лидерскиот самит на Г-20 во Анталија кинескиот претседател Ши Џинпинг ќе ги претстави плановите на неговата земја како нов претседавач на групата и ќе го најави наредниот самит во Пекинг.

Резултатите од Самитот во Анталија на јавноста ќе и бидат претставени од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган на посебна конференција за печатот.

Поради терористичките напади во Париз францускиот претседател Франсоа Оланд го откажа учеството на самитот и истакна дека ќе биде претставуван од страна на министерот за надворешни работи Лоран Фабиус и министерот за финансии Мишел Сапин.

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ



Тагови:

Слични вести