Ердоган го изрази своето сочувство до Оланд
Претседателот Ердоган го побара по телефон францускиот претседател Франсоа Оланд до кого го изрази своето сочувство поради терористичките напади во Париз
Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган од Анталија каде што се наоѓа по повод лидерскиот самит на земјите од Г-20 го побара по телефон францускиот претседател Франсоа Оланд до кого го изрази своето сочувство поради терористичките напади во Париз.
Велејќи дека чувствува големо жалење поради нападите, Ердоган го изрази своето сочувство до семејствата и блиските на жртвите, а на повредените им посака побрзо да оздрават.
Претседателот Ердоган привлече внимание дека тероризмот нема своја религиска, расна или етничка припадност и напомена дека Турција стои покрај Франција и турскиот народ ги споделува болките на францускиот народ.
Како што се наведува и двајцата лидери во телефонскиот разговор ја изнеле одлучноста во однос на борбата против тероризмот.
Францускиот претседател Франсоа Оланд му се заблагодарил на претседателот Ердоган за покажаната чувствителност и му рекол дека не ќе може да присуствува на лидерскиот самит на Г-20 во Анталија.
Оланд рече дека на Г-20 ќе биде претставуван од министерот за надворешни работи Лорен Фабиус и министерот за финанси Мишел Сапин.
Двајцата претседателит, Ердоган и Оланд во телефонскиот разговор се осврнаа на тоа дека ќе се состанат на 30 ноември во Париз кога ќе се одржи конференцијата на ОН за климатски промени а исто така нагласија дека ќе ја продолжат соработката против секој вид тероризам.