Турција го осуди израелскиот план за изградба на нови станови

Турција го осуди Израел поради најавата за изградба на 2.200 нови станови за еврејските доселеници на Западниот брег и 891 стан во Источен Ерусалим

416337
Турција го осуди израелскиот план за изградба на нови станови

Турција ја осуди одлуката на Израел за изградба на нови станови за еврејските доселеници на Западниот брег.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека се осудуваат активностите на Израел за изградба на 2.200 нови станови за еврејските доселеници на Западниот брег и 891 стан во Источен Ерусалим.

Во соопштението се вели дека не е можно да се прифати тоа што Израел кој отворено го прекршува меѓународното право и не им обрнува внимание на предупредувањата на меѓународната заедница, ги продолжува активностите за изградба на нови доселенички населби на окупираните палестински територии.

Источен Ерусалим каде се наоѓа и Месџид-и Акса и Западниот брег од 1967 година се држат под окупација од страна на Израел.

Во Источен Ерусалим има 200 илјади еврејски доселеници, а на Западниот брег 400 илјади.

Согласно меѓународното право сите еврејски доселенички населби на овие окупирани територии се оценуваат за илегални.


Тагови:

Слични вести