Се интензивираат активностите за формирање нова Влада во Турција

Гласањето за доверба на новата Влада ќе се одржи на 28 ноември сабота

416263
Се интензивираат активностите за формирање нова Влада во Турција

Со објавувањето на конечните изборни резултати на парламентарните избори на 1 ноември од страна на Високиот изборен совет ќе се интензивираат активностите за формирање нова Влада во Турција.

Според календарот на парламентарната група на Партијата за правда и развој (АКП) што го достави до опозиционите партии, гласањето за доверба во новата 64-та Влада се планира да се одржи кон крајот на ноември.

Согласно предлогот на кој опозиционите партии не поднесоа приговор, изборот на претседателот на Собранието ќе се одржи на 22 ноември недела.

Програмата на 64-та Влада ќе се прочита на седницата на Генералното собрание на 23 ноември понеделник, а дискусиите во врска со програмата ќе се водат на 26 ноември четврток.

Гласањето за доверба на новата Влада ќе се одржи на 28 ноември сабота.

Од друга страна пак претседателот на партијата за правда и развој (АКП) и премиер Ахмет Давутоглу на 16 ноември ќе се состане со пратениците.


Тагови:

Слични вести