„Не постои добар или лош терорист"

Претседателот Ердоган изјави за CNN International дека мора да се води ефикасна борба против тероризмот кој што претставува злосторство против човештвото и рече дека не постои добар или лош терорист

365622
„Не постои добар или лош терорист"

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во специјално интервју за американската телевизија CNN International истакна дека борбата против тероризмот ќе биде поставена како приоритетна точка на дневниот ред на самитот на Г-20 што ќе се одржи на 15 и 16 ноември во Анталија.

Велејќи дека мора да се води ефикасна борба против тероризмот кој што претставува злосторство против човештвото, Ердоган рече: „Не постои добар или лош терорист.“

Претседателот Ердоган потсети дека на самитот на Г-20 во Анталија ќе биде поставена на разгледување и борбата против терористичката организација ДЕАШ, а исто така подвлече дека освен тоа треба да се води ефикасна борба и против други терористичките организации кои претставуваат закана, како што се поготово ПЈД, ЈПГ и ПКК.

Ердоган рече: „Во овој случај нам не можете да ни кажете дека ПЈД или ЈПГ само поради тоа што водат борба против ДЕАШ се добри. Ни велат дека тие водат борба против ДЕАШ. Ние не можеме да го прифатиме тоа. Борбата против тероризмот е целина. Треба да се води ефикасна борба.“

Осврнувајќи се и на односите со Русија претседателот Ердоган нагласи дека најблиска земја со Русија во регионот е Турција, но додаде дека двете земји размислуваат различно по прашањето на Сирија.

Ердоган потсеи дека Турција е земја која прифати најголем број сириски бегалци и ги повика западните земји да вложат поголеми напори во однос на прашањето со бегалците.


Тагови:

Слични вести