Борбата ќе продолжи се додека не биде воспоставено спокојството

Премиерот Давутоглу истакна дека борбата против тероризмот ќе продолжи со одлучност се додека целосно не биде воспоставено спокојството

416629
Борбата ќе продолжи се додека не биде воспоставено спокојството

Премиерот Ахмет Давутоглу по остварената посета на Управата за верски прашања изјави за новинарите дека во голема мера е постигнат напредок во операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Велејќи дека борбата против тероризмот ќе продолжи со одлучност, Давутоглу рече: „Овие активности ќе ги продолжиме се додека целосно не биде воспоставено спокојството во сите наши населени места и градови.“

Давутоглу потсети на своите зборови „борбата ќе продолжи се додека не биде повторно вратено спокојството“, а кои што ги изговори на 23 јули кога започна операцијата за воспоставување на мирот и спокојството, по што додаде дека никој не треба да се осмели да го тестира трпението на Турција.

На едно прашање во врска со евентуалната копнена операција против терористичката организација ДЕАШ, премиерот Ахмет Давутоглу рече: „Ќе се реализираат активности во правец на заканата против Турција. Меѓутоа во моментов Турција не прави било какви подготовки за копнена операција. Меѓународната заедница треба да изнајде решение за сириската криза. Турција заедно со меѓународната заедница ќе го направи она што и припаѓа нејзе  за ова решение. Меѓутоа доколку биде подложена на евентуален напад Таа ќе ги преземе неопходните мерки без притоа да побара било каква надлежност од никого.“ 

 


Тагови:

Слични вести