„Дадените ветувања ќе бидат исполнети во рок од 3 месеци"

Премиерот Давутоглу истакна дека дадените ветувања пред одржаните парламентарни избори на 1 ноември ќе бидат исполнети во рок од 3 месеци

415637
„Дадените ветувања ќе бидат исполнети во рок од 3 месеци"

Премиерот Ахмет Давутоглу синоќа во владиниот дворец на Чанкаја се состана со претставниците на деловниот свет и во своето обраќање во оваа прилика истакна дека дадените ветувања пред одржаните парламентарни избори на 1 ноември за 3 месеци ќе бидат ставени во примена.

Велејќи дека неговата АК Партија ветува предвидлива политичка стабилност до наредните парламентарни избори во 2019 година, Давутоглу напомена дека нема да се дозволи под никаков изговор да се наруши оваа политичка стабилност.

Давутоглу рече дека во изминатите 13 години Турција е извадена од земја на кризи и е доведена во положба на најотпорна земја на кризи.

„Кога ги правите вашите планови како претставници на деловниот свет не подготвувајте ги краткорочно туку инвестирајте во долгорочна стабилност“, рече премиерот Давутоглу и својот говор го продолжи со следните зборови: „Вие претставници на нашиот деловен свет и на трудот застанете во одбрана на наредниот период на стабилност како наша најзнајачна вредност и како најдрагоцен елемент во чиј пресрет треба да излеземе сите.“

Истакнувајќи дека се има за цел да биде напишана приказна за еден нов успех, Давутоглу рече: „Уште еднаш би сакал да му кажам на нашиот народ дека ќе биде остварени сите ветувања кои што се внесени во нашата изборна декларација. Сето она што му го рековме на нашиот народ на предизборните митинзи за нас претставува ветување кое што ќе биде одржано и исполнето.“

Подвлекувајќи дека сите дадени ветувања ќе бидат исполнети во рок од 3 месеци, премиерот Ахмет Давутоглу во однос на работите за подготвување на нов Устав упати повик и до опозицијата и нагласи дека ќе се водат иницијативи во правец на подготвување на цивилен Устав. 


Тагови:

Слични вести