Продолжува воената соработка помеѓу Турција и САД

Пентагон соопшти дека испратените воени авиони од типот Ф-15Ц во базата Инџирлик ќе ја зајакнат одбраната на воздушниот простор на Турција

414907
Продолжува воената соработка помеѓу Турција и САД

Засилено продолжува соработката помеѓу Турција и САД.

Американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) соопшти дека испратените воени авиони од типот Ф-15Ц во базата Инџирлик ќе ја зајакнат одбраната на воздушниот простор на Турција.

Портпаролот на Пентагон Питер Кук истакна дека продолжуваат разговорите за ефикасна борба против терористичката организација ДЕАШ долж границите на Турција, како и реализацијата на заеднички воздушни операции со Турција.

Кук потсети дека минатата недела во базата Инџирлик беа испратени 6 од 12-те воени авиони од типот Ф-15 за кои беше испланирано да  бидат испратени, а исто така напомена дека авионите од типот Ф-15Ц ќе извршуваат задача на патролирање во турскиот воздушен простор.

Питер Кук рече дека наскоро во базата Инџирлик ќе бидат испратени и 6 авиони од типот Ф-15Е.

За овие авиони пак се планира да реализираат задача во склопот на борбата против терористичката организација ДЕАШ.

 


Тагови:

Слични вести