Кукавички напад кај Ширнак: Загинаа тројца полицајци

Во кукавички терористички напад со експлозив поставен на патот во населеното место Силопи кај Ширнак животот го загубија тројца полицајци

415062
Кукавички напад кај Ширнак: Загинаа тројца полицајци

Терористи во населеното место Силопи кај градот Ширнак во моментот на поминување на полициско оклопно возило го активираа експлозивот од рачна изработка поставен на патот.

Во експлозијата беа повредени четворијца полицајци кои се наоѓаа во оклопното возило.

Повредените веднаш беа префрлени на лекување во Државната болница во Силопи, меѓутоа тројца полицајци и покрај сите интервенции на лекарите им подлегнаа на раните и го загубија животот.

Во започнатата операција по кукавичкиот терористички напад дојде до вооружена престрелка со терористите.

Во населеното место Силопи се слушаат истрели од оружје и судирот помеѓу безбедносните сили и терористите продолжува. 


Тагови:

Слични вести