Во кукавички напад кај Хаќќари животот го загуби еден војник

Во отворен оган од страна на терористи врз воен конвој во населеното место Јуксекова кај Хаќќари животот го загуби еден војник

414554
Во кукавички напад кај Хаќќари животот го загуби еден војник

Жалосна вест од Хаќќари...

Група парипадници на терористичката организација отворија оган со автоматско оружје врз воен конвој во населеното место Јуксекова кај градот Хаќќари при што во кукавичкиот напад животот го загуби еден војник.

Веднаш на местото  на нападот пристигнаа и полициски екипи при што дојде до вооружен судир со терористите.

Во судирот беше повреден еден припадник на полицијата кој беше префрлен на лекување во Државната болница во Јуксекова.

Продолжува операцијата за фаќање на терористите кои по кукавичкиот напад избегаа.

Во меѓувреме во реализирана операција против младинскиот огранок на терористичката организација ПКК во градот Адана за време на незаконски протест беше приведено лице за кое се наведува дека било одговорно за градската организација.

Приведеното лице беше сослушано во Управата за борба против тероризмот по што беше изнесен пред суд од каде што беше уапсен и испратен во затвор. 

 


Тагови:

Слични вести