„Привремената изборна Влада презентираше успешен испит"

Привремената изборна Влада под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу синоќа ја одржа својата четврта и последна седница

414222
„Привремената изборна Влада презентираше успешен испит"

Привремената изборна Влада под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу која по одржаните избори на 7 јуни откако не можеше да се формирана коалициона влада беше формирана согласно Уставот синоќа ја одржа својата четврта и последна седница.

На крајот на седницата владиниот портпарол Нуман Куртулмуш истакна дека и покрај терористичките напади и оние кои водеа обиди да ја водат Турција кон нестабилност привремената изборна Влада презентираше успешен испит и ја водеше Турција кон парламентарните избори на 1 ноември.

Куртулмуш рече: „Турција онака како што води борба против ДЕАШ и сите други терористички организации кои претставуваат закана за неја е одлучна да ја продолжи оваа своја борба и внатре во земјата и надвор од границите. Таа нема да и дозволи на ниту една терористичка организација да претставува закана против неја. Тоа е прашање на постоењето на Турција.“


Тагови:

Слични вести