Кај градот Чанаккале фатени 101 илегален мигрант

Во близина на градот Чанаккале беа фатени 101 илегален мигрант од сириско, авганистанско и иранско државјанство кои се обидувале по незаконски патишта да преминат во Грција

414753
Кај градот Чанаккале фатени 101 илегален мигрант

Во населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале фатени 101 илегален мигрант кои по незаконски патишта се обидувале да заминат за грчкиот остров Лесвос, Митилини (турски Мидилли).

Жандармериски екипи и екипите на крајбрежната стража по добиени информации реализираа заедничка операција во која беа фатени 101 илегален мигрант од сириско, авганистанско и иранско државјанство.

Фатените мигранти по законските постапки беа однесени во Центарот за депортирање во Ајваџик.

Во текот на реализираната операција беа притворени и двајца Украинци за кои се наведува дека го организирале бегството.


Тагови:

Слични вести