Свечено отворено претставништвото на ТРТ во Скопје

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган во говорот што го одржа на свеченото отворање на претставништвото истакна дека бирото на ТРТ ќе формира нов мост на пријателство помеѓу двете земји

413990
Свечено отворено претставништвото на ТРТ во Скопје

Денеска свечено беше отворено претставништвото на Турската радио-телевизија (ТРТ) во главниот град на Република Македонија, Скопје.

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ

На отворањето на претставништвото на Турската радио-телевизија (ТРТ) Скопје учествуваа потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган, Претседателот Република Македонија Ѓорѓе Иванов, генералниот директор на Турската радио-телевизија (ТРТ) Шенол Ѓока, амбасадорот на Република Турција во Македонија Омур Шолендил, како и бројни државни и владини функционери од Турција и Македонија

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган во говорот што го одржа на свеченото отворање истакна дека Македонија има многу голема важност во историјата на Турција и рече: „Нашите сонародници кои живеат тука навистина се лојални граѓани. Истите, со голема љубов се приврзани кон државата и имаат многу голем придонес за нејзиниот развој” .

Акдоган привлече внимание на тоа што во ист ден во Скопје беа отворени и сервисот на новинската агенција Анадолија (АА) на македонски јазик и претставништвото на Турската радио-телевизија (ТРТ).

Акдоган истакна дека, ТРТ е водечка институција со долгогодишно минато, дека емитува програма на повеќе јазици и дека со неодамнешното започнување со емитување на каналот TRT World е фрлен голем чекор.

„ТРТ со започнување со работата како институција, од Македонија ќе ги пренесе пораката и гласот на целиот Балкан и Турција, како и пораката и гласот на Македонија во целиот свет”, рече Акдоган.

Акдоган истакна дека ќе ги продолжат меѓусебните билатерални односи, меѓу двете држави, а воедно ја истакна и важноста на развојот на културните односи. Акдоган наведе дека, Македонија е земја со посебно место во историјата на Турција.

"Нашите сонародници кои живеат тука навистина се лојални граѓани. Истите, со голема љубов се приврзани кон државата и имаат многу голем придонес за нејзиниот развој. Турскиот и македонскиот народ имаат меѓусебни пријателски и братски односи,“ потенцираше потпретседателот на Владата Акдоган.

"Со Македонија имаме душевна поврзаност. Ние како Влада на Република Турција сме одлучни и ќе дадеме се од себе за да помогнеме во развојот на македонско- турските односи", рече тој.

Генералниот директор на Турската радио-телевизија (ТРТ) Шенол Ѓока во својот говор рече дека имаат голема одговорност од аспект на пренесувањето на гласот на Македонија во светот.

Ѓока изрази големо задоволство од отварањето на претставништвото на ТРТво Скопје и посака среќна и успешна понатамошна работа.

Амбасадорот на Република Турција во Македонија Омур Шолендил, исто така истакна дека, односите меѓу двете држави се одлични во сите области потенцирајќи дека со отварањето на претставништвото на ТРТ и сервисот на новинската агенција Анадолија (АА) ќе се има значаен придонес и во сферата на медиумите.

По говорот, потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган официјално го отвори  претставништвото на Турската радио-телевизија (ТРТ) во Скопје.

По церемонијата, Акдоган заедно со оние со негова придружба ја посети Мурат-пашината џамија во Старата скопска (турска) чаршија.

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ


Тагови:

Слични вести