Привремената изборна влада ќе ја одржи својата последна седница

Денеска во 17:00 часот според турско време привремената изборна влада ќе ја одржи својата последна седница во овој состав под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу

413956
Привремената изборна влада ќе ја одржи својата последна седница

Владата денеска во 17:00 часот според турско време ќе ја одржи својата последна седница во овој состав под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу.

Привремената изборна влада беше формирана согласно Уставот откако не можеше се добие поволен резултат од остварените коалициони разговори по одржаните парламентарни избори на 7 јуни на кои ниту една партија не успеа да го обезбеди портебното мнозинство за формирање самостојна влада.

На седницата првенствено премиерот Ахмет Давутоглу ќе им се заблагодари на министрите за должноста која ја презедоа согласно Уставот, а исто така ќе се разговара и за работите кои што ги реализира владиниот кабинет во овој состав во текот нан два и пол месеци.

Освен тоа на седницата ќе биде направена проценка и на актуелни внатрешни и надворешни прашања, како и операциите кои што се реализираат против терористичките организации ДЕАШ, ПКК, ДХКП-Џ и Фетуллах (ФЕТО).

На дневен ред на владиниот кабинет ќе се најдат и процесот за национално единство и братство, како и случувањата во Сирија, актуелни економски прашања и мигрантската криза.

Освен тоа ќе бидат преразгледани и подготовките пред лидерскиот самит на Г-20 што ќе се одржи на 15 и 16 ноември во Анталија како и безбедносните мерки кои што се преземаат во врска со овој значаен самит.

По седницата на Владата премиерот Ахмет Давутоглу ќе приреди вечера во чест на министрите и нивните сопруги. 

 


Тагови:

Слични вести