Јалчин Акдоган во Скопје примен кај претседателот Ѓорге Иванов

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган кој престојува во работна посета на Република Македонија беше примен кај претседателот Ѓорге Иванов

414128
Јалчин Акдоган во Скопје примен кај претседателот Ѓорге Иванов

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган кој по повод свеченото отворање на сервисот на новинската агенција Анадолија (АА) на македонски јазик и претставништвото на Турската радио-телевизија (ТРТ) во Скопје во оваа прилика оствари и низа официјални средби.

Во тие рамки потпрестедателот на Владата Јалчин Акдоган денеска беше примен кај македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Средбата се одржа во канцеларијата на македонскиот претседател Иванов и траеше приближно 45 минути. 

На почетокот на средбата за кусо време им беше дозволено на новинарите да снимаат и фотографираат, а потоа продолжи зад затворени врати.

На средбата освен потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган присуствуваа и амбасадорот на Турција во Република Македонија Омур Шолендил, генералниот директор на новинската агенција (АА) Шенол Казанџи, генералниот директор на прес-службата при Владата Џемалеттин Хашими, генералниот директор на Турската радио-телевизија (ТРТ) Шенол Ѓока и потпретседателот на Управниот одбор на новинската агенција Анадолија (АА) Шабан Кизилдаг.

По приемот кај македонскиот претседател Ѓорге Иванов, потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган учестуваше на свеченото отворање на сервисот на новинската агенција Анадолија (АА) на македонски јазик и претставништвото на ТРТ во Скопје.


Тагови:

Слични вести