Турција прави се што е во нејзина можност за климатските промени

Најпрвин треба успешно да завршат преговорите во врска со сеопфатната рамковна конвенција за климатски промени на ОН

412733
Турција прави се што е во нејзина можност за климатските промени

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со климатските промени како едно од најзначајните прашања со кои соочува човештвото рече дека Турција прави се што е во нејзина можност.

На 30-ти октомври во Парис ќе се одржи 21- Конференција на земјите потписнички на Рамковната конвенција за климатски промени на ОН.

Пред состанокот посветен на новиот договор за климатските промени, претседателот Ердоган од Истанбул преку теле-конференција учествуваше на конференцијата посветена на климатските промени предводена од страна на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

Ердоган во говорот се осврна на значењето на активностите за формирање сеопфатен систем во врска со периодот по 2020 година.

Ердоган подвлече дека најпрвин треба успешно да завршат преговорите во врска со сеопфатната рамковна конвенција за климатски промени на ОН.

Надоврзувајќи се на претстојниот Самит на Г-20 кој се планира да се одржи во Анталија, претседателот Ердоган рече дека од самитот очекуваме да се усвојат значајни одлуки. Земјите членки на Г-20 се согласуваме со податокот дека од Анталија треба да се испрати силна и конструктивна порака на Парис. Во тие рамки, во својство на земја привремен претседавач со Г-20 продолжуваме со соработката. Исто така сме едногласни дека преговарачкиот процес во врска со Рамковната конвенција за климатски промени на ОН не може и не треба да се најде на дневниот ред на Г-20. Размената на искрени и конструктивни мислења во Анталија, ќе помогнат во покажувањето на патот за надминување на тешкотиите на преговарачкиот процес, рече Ердоган.

На состанокот кој се одржа под претседателство на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун преку телеконференција учествуваа францускиот претседател Франсоа Холанд, претседателот на Перу Оланта Хумала, гермнакста канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Малта Џозеф Мускат.


Тагови:

Слични вести