Владата не фрли чекор назад од процесот на „националното единст

Борбата против тероризмот има големо значење

411768
 Владата не фрли чекор назад од процесот на „националното единст

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган рече дека Владата не фрли чекор назад од процесот на „националното единство и братство“ кој има големо значење во борбата против тероризмот.

Јалчин Акдоган во интервјуто за еден приватен ТВ канал се осврна на актуелните случувања.

Акдоган подвлече дека Владата вложува големи напори за остварување на проектот национално единство и братство, потенцирајќи дека терористичката организација ПКК го саботира процесот.

Случувањата веднаш по парламентарните избори на 7 јуни предизвикаа прашањето во врска со тероризмот да се стекне со една поинаква димензија, рече Акдоган и потенцираше дека терористичката организација покажа не сака да се справува со изнаоѓање мировно решение на прашањето, туку целта сака да ја постигне со оружје.

Моментално, прашањето ја надминува волјата на Владата бидејќи станува збор за тоа што сака да направи терористичката организација. Во тој контекст борбата против тероризмот има големо значење. Националното единство и братство ја претставува основата и духот на овој процес. Ова е еден вид социјална реставрација. Интеграцијата на Турција, општественото сплотување, намалување на проблемите на општествените заедници со процесот на демократизација. Тоа е сфаќањето за националното единство и братство. Во тие рамки, ние не фрливме чекор назад од процесот, рече Акдоган.


Тагови:

Слични вести