Операциите ќе продолжат без прекин

Вчера под претседателство на премиерот Ахмет Давутолу во дворецот Чанкаја се одржа безбедносен состанок

410959
Операциите ќе продолжат без прекин

Главна тема на состанокот беа операциите против терористичките организации и парламентарните избори што се одржаа на 1 ноември.

На првиот безбедносен состанок по изборите учествуваа началникот на генералштабот, потпретседателите на Владата и високите бирократи.

На состанокот беа разгледани мерките и безбедносната ситуација кои преземени за обезбедување на безбедноста на парламентарните избори што се одржаа на 1 ноември.

По тој повод премиерот Давутоглу на сите единици на безбедносните сили, жандармеријата и државата им честиташе за напорите што ги покажаа за одржување мирни избори.

Главна тема на безбедносниот состанок беше тродимензионалноста на операциите против терористичките организации.

За успехот што беше постигнат во борбата против членовите на терористичката организација во општините Орамар, Икијака и Даглиџа како и операциите по должината на границата со Ирак беше доржан брифинг. На состанокот беше подвлечено на значењето на одлучноста во борбата против тероризмот.

Премиерот Ахмет Давутоглу издаде наредба за продолжување на операциите во зимските услови.

Случувањата во Сирија, прекуграничните операции против ДЕАШ и заедничките операции со коалиционите сили исто така беа разгледани на вчерашниот безбедносен состанок.


Тагови:

Слични вести