Акдоган: гласачите се определија за силна влада

Потпретседателот на владата Јалчин Акдоган изјави дека гласачите се определија за силна влада која може да обезбеди стабилна држава

362538
Акдоган: гласачите се определија за силна влада

Коментирајќи ги резултатите од парламентарните избори што се одржаа во недела потпретседателот на владата Јалчин акдоган истакна дека, гласачите се определија за стабилна држава со стабилна влада.

Што се однесува до ставот на опозицијата која не прифати да коалицира со АК Партијата после изборите на 7 јуни Акдоган рече : оние кои ја одбија можноста да бидат партнер во власта го испуштија возот. Опозицијата наместо да ја обвинува АК Партијата самата треба да си ги согледа грешките и прошустите кои ги одведоа во изборен пораз. На изборите на 1 ноември гласачите јавно ставија до знаење дека не сакаат коалициона влада туку еднопартиска силна влада која ќе обезбеди стабилна држава.

Ние подвлече потпретседателот Акдоган во следниот период ќе се обидеме да ги сфатиме барањата на сите граѓани како на тие што се определија за нас така и на другите кои не гласаа за нас.


Тагови:

Слични вести