„Сите заедно да ги засукаме ракавите за нова Турција"

По објавувањето на неофицијалните резултати од одржаните парламентарни избори претседателот на АК Партијата и премиер Ахмет Давутоглу го одржа балконскиот говор пред седиштето на АК Партијата

361842
„Сите заедно да ги засукаме ракавите за нова Турција"

Претседателот на АК Партијата и премиер Ахмет Давутоглу по објавувањето на неофицијалните резултати од одржаните парламентарни избори синоќа доцна по полноќ од градот Конја допатува во Анкара каде што го одржа традиционалниот „балконски говор“ пред голем број насобрани граѓани пред седиштето на АК Партијата (Партијата за правда и развој АКП).

Давутоглу истакна дека на изборите нема поразен, туку дека победи Турција.

Велејќи дека од денеска загриженоста го отстапи своето место на надежта, Ахмет Давутоглу рече: „Правото на секого е земена под гаранција и правото на секого, правото на сите наши 78 милиони граѓани апсолутно ќе биде зачувано.“

Давутоглу напомена дека АК Партијата ќе продолжи да ги прегрнува сите средини на општеството и Турција ќе продолжи да биде гаранција за продолжување на достоинствениот живот на сите идентитети.

Истакнувајќи дека ќе почне да се работи без да се губи време, Давутоглу рече: „Сите заедно да ги засукаме ракавите за нова Турција во која нема да има кавга.“

Освен тоа претседателот на АК Партијата и премиер Ахмет Давутоглу им се обрати на сите политички партии за подготвување на нов Устав кој ќе располага со национален и слободарски дух.

„Да ги напуштиме законите од времето на државните удари и заеднички да подготвиме нов цивилен Устав со слободарски дух“ - рече Давутоглу.  


Тагови:

Слични вести