„Не можеше да се постигне договор за иднината на Асад"

Министерот за надворешни работи Феридун Синирлиголу истакна дека на состанокот посветен на Сирија во Виена не можеше да се постигне соодветен компромис по прашањето на иднината на Асад

416975
„Не можеше да се постигне договор за иднината на Асад"

Министерот за надворешни работи Феридун Синирлиголу по состанокот посветен на Сирија што се одржа вчера во главниот град на Австрија Виена со учество на шефовите на дипломатиите на 17 земји даде изјави за претставниците на печатот.

Синирлиоглу истакна дека е постигнат извесен напредок во однос на изнаоѓањето на решение за кризата во Сирија, но рече дека не можеше да се постигне соодветен компромис по прашањето на иднината на Асад.

Подвлекувајќи дека не е можно да се постигне соодветен мир во Сирија со Асад, Синирлиоглу напомена дека решение во Сирија ќе може да се постигне со повлекување на Асад од политиката.

Осврнувајќи се и на терористичката организација ДЕАШ, Синирлиоглу уште еднаш повтори дека ДЕАШ претставува заедничка закана за сите.

Велејќи дека терористичката организација ДЕАШ претставува закана и за Турција, министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу рече: „Уништувањето и на ДЕАШ исто како и сите други терористички организации кои што се појавија како резултат на кризата во Сирија претставува приоритетна цел за Турција.“


Тагови:

Слични вести