Турција не ќе може да го подигне товарот на евентуални трети изб

Нашата цел е формирање самостојна Влада, рече премиерот Давутоглу

Турција не ќе може да го подигне товарот на евентуални трети изб

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека Турција не ќе може да го подигне товарот на евентуални трети избори.

Во интервјуто за еден приватен ТВ канал, премиерот Давутоглу одговараше на прашањата во врска со претстојните парламентарни избори закажани за 1 ноември.

На прашањето „Дали постои можност за трети парламентарни избори?“, одговорот на премиерот Давутоглу беше јасен:

„На нашиот дневен ред не постои такво нешто. Не мислам дека Турција ќе може да го крене товарот на уште едни избори. Што се претрпевме во изминатите 4 месеци, само јас знам.“

Нашата цел е формирање самостојна Влада, рече премиерот Давутоглу и се осврна на тешкотиите околу преговорите за формирање коалициона влада.

На дневниот ред на премиерот Давутоглу се наоѓаше и борбата против тероризмот.

Борбата против тероризмот се претвори во борба за егзистенција, рече премиерот Давутоглу и потенцираше дека во јули беа погодени 458 цели во Северен Ирак, дека моќта на ПКК најпрвин беше скршена во Северен Ирак, а потоа продолжија со борбата против приврзаниците на терористичката организација во 12 критични градови кои претходно беа утврдени.

Во освртот на бегалците од Сирија, премиерот Давутоглу рече дека на децата на сите бегалци смета како на свои деца.


Тагови:

Слични вести