Турција ќе ги оствари целите во 2023 година

Претседателот Ердоган одржа говор пред присутните и учесници на свеченоста во Културниот центар Ататурк во Анкара по повод одбележувањето на 29 Октомври

360169
Турција ќе ги оствари целите во 2023 година

Турција ќе ги оствари целите во 2023 година

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа говор пред присутните и учесници на свеченоста во Културниот центар Ататурк во Анкара по повод одбележувањето на 29 Октомври Празникот на републиката и 92. годишнина од основањето на Република Турција.

Во говорот претседателот Ердоган рече: 92 години се бориме за да ја издигнеме Турција на нивото на современите цивилизации и успеавме во тоа бидејќи Турција денес е земја ѕвезда во подем како во регионот така и пошироко во светот.

Денес фала му на Аллах нашата земја се претвори во надеж за сите угнетени народи. Од друга страна секогаш пред нас пречки ни поставуваа средините кои беа и се вознемирени од нашата слога и од братството и единството меѓу нашите граѓани. Независно од условите располагаме со силата и капацитетите да одговириме на сите видови опасности и закани против нашата република која ја формиравме во исклучително тешки услови после една тешка и судбинска народно ослободителна војна.

Како 78 милиони граѓани на Република Турција со силата која ја црпиме од нашето славно минато со решителни чекори напредуваме кон светлата иднина. Собрани околу принципот една нација,едно знаме,една татковина и една држава нема проблем кој не можеме да го надминеме.


Тагови:

Слични вести