Ердоган :Со голема радост го славиме Празникот на републиката

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган упати честитка до нацијата по повод 29 октомври празникот на републиката

Ердоган :Со голема радост го славиме Празникот на републиката

Во честитката на претседателот Ердоган се истакнува следното : Со голема радост го славиме Празникот на републиката, ден кога точно пред 92 години беше формирана Република Турција. 29 октомври претставува исклучително важен настан од поновата историја на турскиот народ, настан кој ни кажува како во тие тешки но и судбоносни денови турскиот народ повторно се крена на нозе, настан кој ни влева надеж за подобро утре и кој ни укажува на тоа дека треба да земеме поука од секој зачекорен чекор.

Државата на Република Турција претставува извор на надеж не само за нејзините граѓани туку и на сите народи и братски заедници, угнетени народи и народи кои доживуваат тешки денови во регионот и пошироко.За жал во позадината на нападите насочени на нашето заедништво, братство и единство се наоѓаат чувствата на загриженост од достигнувањата и успесите на Турција. Народно ослободителната војна од 1919 година која започна во мошне тешки услови за турскиот народ, успеавме да ја заокружиме со формирање на независна држава во 1921 година. Денес понесени од тој елан ќе успееме Иншаллах да ја достигнеме 2023 година кога со уште поголеми успеси и достигнувања ќе ја прославиме 100 годишнината на Република Турција како држава.

Во пораката претседателот Ердоган вели дека чувствува голема благодарнот кон сите загинати и преживеани турски херои и вели : На чело со основоположникот на Република Турција Гази Мустафа Кемал уште еднаш им изразувам голема благодарност и почит кон сите турски храбри јунаци кои уште еднаш овие територии ни ги оставија како татковина. Нека е среќен празникот на републиката 29 октомри.“


Тагови:

Слични вести