Турција спремна за помош на настраданите во Авганистан

Амбасадорот на Турција во Кабул Али Ааит Акин истакна дека Турција е спремна за помош на настраданите во земјотресот во Авганистан

Турција спремна за помош на настраданите во Авганистан

Амбасадорот на Турција во Кабул Али Ааит Акин истакна дека од авганистанските власти биле побарани информации за состојбата по силниот земјотрес во понеделникот и итните потреби на настраданото население.

Амбасадорот Акин рече дека Турција е спремна за помош.

Велејќи дека министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу го побарал по телефон авганистанскиот министер за надворешни работи Салахудин Рабани и рекол дека Турција е подготвена за доставување на секој вид помош, амбасадорот Акин додаде дека исто така и институциите како што се Управата за елеменатарни непогоди и итни состојби АФАД, турската Црвена полумесечина Кизилај и Турската агенција за соработка и координација ТИКА ги направиле потребните подготовки.

Акин рече дека турските граѓани кои живеат во Авганистан не претрпеле било какви штети во земјотресот.

Од друга страна со текот на времето се зголемува и билансот од силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер што во понеделникот го погоди североисточниот дел на Авганистан и кој беше почувствуван во голем број земји во јужна Азија.

Во објавеното соопштение од кабинетот на авганистанскиот претседател се истакнува дека бројот на загинатите во земјотресот досега достигна до 115 лица, а бројот на повредени изнесува 538.

Освен тоа во соопштението се додава дека во 9 провинции во земјата биле срушени над 7.000 куќи, `2 училишта, 17 џамии и 20 државни згради.

Надлежни истакнуваат дека под срушените згради има затрупани голем број лица и дека се стравува од зголемување на бројот на жртви.


Тагови:

Слични вести