ПЈД не може да ја премине западната страна на реката Еуфрат

ПЈД врши воено злосторство во Сирија и подвлече дека ПЈД е политичко крило на терористичката организација

ПЈД не може да ја премине западната страна на реката Еуфрат

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека терористичката организација ПЈД не може да ја премине западната страна на реката Еуфрат.

Премиерот Давутоглу рече дека меѓународните и набљудувачите на ОН извршиле етнички масакр во сирискиот град Тел Абјад, поради што Арапите и Туркменците ги напуштиле селата.

Премиерот Давутоглу во интервјуто за еден приватен ТВ канал се осврна на актуелните случувања во земјава и светот.

Давутоглу рече дека ПЈД врши воено злосторство во Сирија и подвлече дека ПЈД е политичко крило на терористичката организација. ЈПГ пак воено крило. Двете организации вршат воено злосторство.

Оваа организација не ќе може да ја помине западната страна на реката Еуфрат, рече премиерот Давутоглу и додаде дека за она што ќе направат на источната страна ќе видиме подоцна. Но тоа не значи дека во рамките на сето она што ќе го направат на источната страна, ќе можат да нанесат штета на Турција.

Кон сите они кои што имаат непријателски став кон Турција, и ние ќе покажеме ист став. Без оглед на тоа дали станува збор за камповите на ПКК на северот на Ирак, камповите на ЈПГ-ПЈД во Сирија или кантоните, или пак некои други формации и структури. Нема да дозволиме да егзистира ниту еден непријателски фактор на Турција, рече премиерот Давутоглу.

Во освртот на претходната изјава дека Турција сеуште не ги отвори сите адути во врска со Сирија, премиерот Давутоглу рече дека Турција не се вклучи во проблемите во околината. Секако дека одговоривме и интервениравме против закани или пак други прекршувања од страна на авионите, хеликоптерите, беспилотните летала од Сирија, но не интервениравме против групите кои можат да претставуваат закана за Турција. На сит нив сметавме како на дел од кризата во Сирија.


Тагови:

Слични вести