Заврши гласањето на турските граѓани во странство

Заврши гласањето во странство каде што се регистрирани вкупно 2 милиони 895 илјади 885 гласачи

358478
Заврши гласањето на турските граѓани во странство

Заврши гласањето во странство за парламентарните избори кои што во Турција ќе се одржат на 1 ноември.

Чинот на гласање за турските граѓани во странство започна на 8 октомври и траеше до 25 октомври (вчера).

Внимание привлече тоа што за разлика од претодните избори на 7 јуни за овие избори гласаа поголем број гласачи во голем број градови во странство, а во некои градови беа формирани долги редици за гласање пред гласачките места.

Во странство се регистрирани вкупно 2 милиони 895 илјади 885 гласачи.

Гласовите на турските граѓани кои гласаа во странство во 113 гласачки кутии во 54 земја ширум светот ќе бидат донесени во земјата со дипломатски курири.

Гласовите ќе бидат донесени во Изборниот совет за странство во Анкара по што вечерта на 1 ноември по завршувањето на чинот на гласање ќе бидат преброени  заедно со гласовите во земјата.

Гласањето на граничните премини пак ќе продолжат до 1 ноември во недела до 17:00 часот.

Гласачите ќе можат да гласаат на следните  гранични премини: На копнените гранични премини Сарп, Капикуле, Ипсала, Хамзабејли, Дилуџу и Дереќој; на граничните премини на аеродромите Шакирпаша, Есенбога, Анталја, Ескишехир, Елазиг, Газиантеп, Хатај, Ататурк, Сабиха Ѓокчен, Аднан Мендерес, Еркилет, воениот аеродром Конја, Даламан, Бодрум-Милас, Самсун, Трабзон и Зонгулдак; и на поморските гранични премини Кушадаси, Ајвалик, Деринџе, Мерсин, Ташуџу, Бодрум и Самсун.

 


Тагови:

Слични вести