Во Хакќари уништени голем број засолништа, пештери и позиции на

Во рамките на операцијата во Ширнак беа запленети 7 пушки калешникоф и еден терорист

358415
 Во Хакќари уништени голем број засолништа, пештери и позиции на

Во рамките на воздушните операции на Турските вооружени сили (ТВС) во Хакќари беа уништени голем број засолништа, пештери и позиции на сепаратистичко-терористичката организација.

Во соопштението објавено од страна на Генералштабот на веб страницата на интернет беа објавени информации во врска со операциите во борбата против тероризмот.

Во рамките на операциите кои продолжуваат во Хакќари, во последните воздушни операции беа уништени засолништата, пештерите и позициите на сепаратистичко-терористичката организација кои беа утврдени на падините на планината Икијака.

Еден терорист во Шемдинли кај Хакќари кој побегна од сепаратистичко-терористичката организација им се предаде на безбедносните сили.

Во рамките на операцијата во Ширнак беа запленети 7 пушки калешникоф и еден терорист.

Во рамките на операциите во Кемах кај Ерзинџан и Варто кај Муш беа притворени 29 лица поради помош и јатаклак на терористите.


Тагови:

Слични вести