Начелата и целите на Турција во однос на Сирија се јасни

На квартална средба во Виена беа разменети мислења во врска со можностите за постигнување мир и стабилност во Сирија

358222
Начелата и целите на Турција во однос на Сирија се јасни

Портпаролот на министерството за надворешни работи Танжу Билгич рече дека на квартална средба во Виена беа разменети мислења во врска со можностите за постигнување мир и стабилност во Сирија како и процесот на транзиција предвиден со Женевската декларација.

Портпаролот Танжу Билгич во врска со кварталната средба посветена на Сирија што се одржа на 23 октомври во Виена објави писмено соопштение.

Билгич рече дека се јасни начелата и целите на Турција во однос на Сирија.

Портпаролот на МНР додаде дека Турција во рамките на овие начела и цели на состанокот во Виена се осврна на можностите за изнаоѓање политичко решение во Сирија како и процесот на транзиција предвиден со Женевската декларација.

Прашањата кои беа изнесени на состанокот треба да се разгледаат и со опозицијата и другите инволвирани страни рече Билгич и потенцираше дека поради тоа идната недела се предвидува д асе одржи нов состанок.


Тагови:

Слични вести