Ердоган оствари телефонски разговори со Селман и Ал Тани
Претседателот Ердоган во телефонските разговори привлече внимание дека нападите во градот Алепо и околината во последните денови би можеле да поттикнат нов бран на миграција
Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган водеше телефонски разговори со саудискиот крал Селман Бин Абдулазиз Ал Сууд и катарскиот емир шеик Тамим Бин Хамед Ал Тани.
Според добиени информации од кабинетот на претседателот во телефонските разговори биле разменети мислења во врска со регионални прашања на чело со последните случувања во Сирија.
И тројцата лидери ја изразиле својата загриженост во врска со развојот на настаните во Сирија.
Претседателот на републиката Реџеп Тајјип Ердоган во телефонските разговори привлече внимание дека нападите во градот Алепо и околината во последните денови би можеле да поттикнат нов бран на миграција.
Слични вести

Сочувство на потпретседателот Октај до претседателот на Туркменистан
Му посакувам Аллахова милост на Маликгули Бердимухамедов, таткото на претседателот на Туркменистан