Шефот на турската дипломатија Синирлиоглу во посета на Австрија
Министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу отпатува во посета на Виена каде што најпрвин беше примен кај австрискиот претседател Хајнц Фишер
Министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу кој отпатува во официјална посета на Австрија ги започна разговорите во Виена.
Синирлиоглу најпрвин беше примен кај австрискиот претседател Хајнц Фишер.
Министерот Феридун Синирлиоглу во Виена ќе учествува и на церемонијата на поставување на плаката на ѕидот на зградата на турската амбасада во Виена, а во чест на турските дипломати кои беа убиени терористичките напади во Австрија во 1975 и 1984 година реализирани од страна на терористичката организација АСАЛА.
Министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу во рамките на своите разговори утре (23 октомври, петок) ќе оствари средби посветени на прашањето со Сирија.
Синирлиоглу за изнаоѓање политичко решение во Сирија ќе седне на маса со шефовите на дипломатиите на САД, Русија, Саудиска Арабија и Јордан.
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курз минатиот месец за време на отворањето на состаноците на 70-та сесија на Генералното заседание на ОН предложи разговорите за Сирија да се одржат во Виена.
Слични вести
