„Ние кон нашите курдски браќа гледаме како кон свои браќа"

Претседателот Ердоган говореше пред 13-то редовно Генерално собрание на конфедерацијата на работничкиот синдикат ХАК-ИШ

396732
„Ние кон нашите курдски браќа гледаме како кон свои браќа"

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека реализираниот терористички напад во Анкара на 10 октомври претставува заедничка акција на терористичките организации.

Претседателот Ердоган говореше пред 13-то редовно Генерално собрание на конфедерацијата на работничкиот синдикат ХАК-ИШ.

Во врска со реализираниот терористички напад пред железничката станица во Анкара претседателот Ердоган рече: „Настанот пред железничката станица е настан кој што покажува како тероризмот се применува колективно. Овде ги има и ДЕАШ, и ПКК и Мухаберат. Овде ја има и терористичката организација ПЈД во северниот дел на Сирија. Оваа акција ја реализираа сите заедно.“

Велејќи „Ние нема да дозволиме ниту оваа земја да се претвори во жариште, ниту пак да се радуваат овие предавници“, Ердоган го истакна и тоа дека да се зборува за проблемите на само една етничка група во Турција претставува показател на злонамерност.

Претседателот Ердоган рече: „Јас проблемите на моите курдски браќа ги доживеав во моето срце, меѓутоа во оваа земја не постои проблем само на една етничка група. Да се зборува само за еден проблем покажува каква злонамерност постои. Ние кон нашите курдски браќа не гледаме како кон туѓинци, туку гледаме како кон свои браќа.“

 

 


Тагови:

Слични вести