Телефонски разговор Ердоган-Путин
Разговорот бил посветен на вчерашната средба меѓу претседателот Путин и претседателот на Сирија Бешар Асад
356949
Претседателот Ердоган го известил претседателот Путин за загриженоста околу евентуалниот нов бран на бегалци од северот на Сирија, претежно од околината на градот Халепо кој е без престанок бомбардиран.
Ердоган го информирал Путин за поврзаноста на терористичките групи во Cирија со терористичката организација ПКК во Турција и ја нагласил решителноста на Турција во борбата со нив вклучително и со ДЕАШ.
Ердоган и Путин исто така се договориле прашањата детално да ги разгледаат за време на најавениот самит на Г-20 закажан во ноември во Aнталија.
Инаку од почетокот на војната во неговата земја во 2011 година Бешар Асад за прв пат отпатува во странство.
Слични вести
