Ердоган и Меркел разговараа за бегалците и поглавјата со ЕУ

Претседателот Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел во Истанбул разговараа за проблемот со бегалците и преговарачкиот процес на Турција со ЕУ

393724
Ердоган и Меркел разговараа за бегалците и поглавјата со ЕУ

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел по остварената средба во дворецот Мабејн во сарајот Јилдиз во Истанбул одржаа заедничка конференција за печатот.

Претседателот Ердоган истакна дека со Меркел направиле проценка на работите кои што се водат во врска со поглавјата во преговарачкиот процес меѓу Турција и ЕУ.

Ердоган рече: „Особено ја замолив за поддршката по ова прашање на земјите како што се Германија, Франција, Англија и Шпанија.“

Велејќи дека една од значајните точки на дневниот ред на средбата беше состојбата со бегалците, Ердоган истакна дека во однос на ова прашање се стоело на споделбата на товарот.

Германската канцеларка Ангела Меркел пак нагласи дека Турција досега прифати 2 милиони бегалци и презеде една мошне голема и тешка задача.

Истакнувајќи дека нејзината земја во однос на присутниот масовен бран на бегалци се раководи во рамките на билатералните интереси, Меркел рече: „Можеме да го согледаме тоа дека ова мигрантско движење преку Турција ќе тече кон ЕУ. И во оваа сфера согурно овој товар на Турција да се сноси заедно и ние застануваме во одбрана на тоа дека треба да и се достави поддршка по ова прашање.“

Меркел напомена дека со Ердоган направиле проценка и по прашањето на борбата против тероризмот во чии рамки било разговарано за потребата од изнаоѓање на политичко решение во Сирија.

Нагласувајќи дека овие прашања се значајни наслови кои што ги засегаат двете земји, Меркел истакна дека притоа бил постигнат компромис по прашањето на разговарање на билатерално ниво и во однос на овие две прашања.  

 

 

 


Тагови:

Слични вести