Ангела Меркел денеска ќе допатува во посета на Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел во Истанбул ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу

355333
Ангела Меркел денеска ќе допатува во посета на Турција

Германија како земја која најмногу го чувствува масовниот бран на бегалци кон Европа посакува да ја развие соработката со Турција.

Во тие рамки германската канцеларка Ангела Меркел  денеска ќе допатува во посета на Турција.

За време на својата посета Меркел во Истанбул ќе се состане со претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу.

Пред оваа нејзина посета Меркел рече дека Турција одигрува клучна улога во проблемот со бегалците.

Меркел истакна дека Турција со згрижување на два милиони бегалци го носи најголемиот товар и го нагласи значењето од нејзино уште поголемо поддржување по ова прашање.

Меркел рече дека без да се соработува со Турција не ќе може да се стави во ред приливот од бегалци кон Европа кој што продолжува.

Друга значајна точка на дневниот ред на посетата е преговарачкиот процес на Турција со ЕУ.

Германската канцеларка Ангела Меркел во врска со ова прашање уште еднаш рече дека преговорите продолжуваат да се водат со отворен крај и дека нема никаква разлика во нејзиниот став и во ставот на германската влада по ова прашање.

Ставот на официјална Анкара во врска со ова пак е безусловно продолжување на преговорите.

Во рамките на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел ќе се разговара и за прашања како што се иднината на војната во Сирија, заедничката борба против тероризмот и обезбедување визно олеснување за турските граѓани при патување во земјите на ЕУ.

 


Тагови:

Слични вести