Во Даглиџа кај Хаќќари животот го загубија 4 војници

Во отворен оган од страна на терористите во подрачјето на Даглиџа кај Хаќќари животот го загубија четворијца војници, а 5 војници беа ранети

355302
Во Даглиџа кај Хаќќари животот го загубија 4 војници

Во вооружена престрелка помеѓу припадници на терористичката организација ПКК и безбедносните сили кои реализираа операција во подрачјето на Даглиџа кај градот Хаќќари животот го загубија тројца војници, а 6 мина војници од кои еден потешко беа ранети.

Потоа пристигна и веста дека животот го загубил и војникот кој бил тешко повреден и кој и покрај сите интервенции на лекарите им подлегнал на раните во болницата во која бил префрлен на лекување.

Во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека  во отворен оган од страна на припадници на терористичката организација за време на операцијата во подрачјето на Даглиџа кај градот Хаќќари и околината животот го загубија тројца војници од кои еден потполковник и двајца подофицери, а 6 мина војници се ранети од кои еден потешко.“

Во операцијата на безбедносните сили во истото подрачје која што продолжува досега се убиени 17 терористи. 

Премиерот Ахмет Давутоглу кој говореше на предизборниот митинг во градот Кајсери по добиената тажна вест истакна дека капка по капка ќе се побара сметка за крвта на тројцата војници кои го загубија животот.

Давутоглу рече: „Операциите ќе продолжат се додека не остане ниту еден терорист на планините на оваа земја и се додека не се спречи да биде вперено оружјето против овој народ.“


Тагови:

Слични вести