„Операциите нема да престанат, ќе продолжат"

Претседателот Ердоган во врска со загинувањето на тројца војници во Даглиџа кај градот Хаќќари рече дека операциите нема да престанат, ќе продолжат

355325
„Операциите нема да престанат, ќе продолжат"

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган синоќа на излегување од деловната вечера приредена од страна на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи одговараше на прашањата на новинарите.

На прашањето на еден новинар во врска со веста за тројцата загинати војници во Даглиџа, претседателот Ердоган истакна дека еден од тројцата загинати војници е потполковник. 

Велејќи дека од страна на министерот за внатрешни работи Селами Алтинок бил информиран дека во операцијата на безбедносните сили во истото подрачје биле убиени 17 терористи, Ердоган рече: „Судирите продолжуваат. Операциите нема да престанат, ќе продолжат. Ние ќе ги продолжиме операциите се додека не бидат воспоставени мирот и спокојството во нашата татковина. Задача на државата пред се е да го воспостави спокојството на народот како и одбрана на својата татковина до крај. Ние оваа татковина нема да им ја оставиме на само неколку разбојници, а поготово на терористите... Никогаш нема да го направиме тоа. Оваа борба ќе продолжи до крај.“

На потсетување дека во близина на границата со Сирија беше срушено едно беспилотно летало, Ердоган рече: „Русија вели дека не е нивно. Други исто така велат дека не им припаѓа ним, но испитувањата продолжуваат. На крајот на тие анализи ќе биде откриено на која земја и припаѓа.“

Одговарајќи и на прашањето за тоа какви податоци биле добиени во текот на досегашната истрага во врска со терористичкиот напад во Анкара, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека биле добиени голем број податоци и дека над овие податоци се води и истрагата. 

Ердоган рече: „Надлежните јавни обвинители ги продолжуваат своите работи по ова прашање. Заедно со овие работи, обелоденувањето на случајот нема да трае долго.“ 


Тагови:

Слични вести