Бројот на жртви во нападот во Анкара се зголеми на 102 лица

Уште три лица кои беа тешко повредени во терористичкиот напад во Анкара  им подлегнаа на раните во болницата во која се наоѓаа на лекување со што бројот на жртви се зголеми на 102 лица

393406
Бројот на жртви во нападот во Анкара се зголеми на 102 лица

Бројот на загинатите во терористичкиот напад пред железничката станица во Анкара минатата сабота (10 октомври 2015) се зголеми на 102 лица.

Уште три лица кои беа тешко повредени во нападот им подлегнаа на раните во болницата во која се наоѓаа на лекување.

Изјавата пристигна од Главното републичко јавно обвинителство на Анкара од чија страна се води истрагата во врска со нападот.

Утврден е идентитетот на 101 загинато лице чии посмртни останки по извршената аутопсија им беа предадени на нивните семејства.

Во меѓувреме продолжува и истрагата во врска со нападот.

Досега беа приведени 13 лица, меѓутоа двајца од трите лица кои беа приведени поради испраќање порака пред нападот преку социјалната мрежа Твитер беа пуштени на слобода, додека едно лице е испратено пред суд со барање за негово апсење.

Во истрагата е дојдено до значајни податоци во врска со осомничените  за кои се мисли дека се поврзани со реализацијата на терористичкиот напад.

Главното републичко јавно обвинителство побара од јавноста да не им верува на шпекулативните вести, додека од Институцијата за судска медицина пристигна веста дека се утврдени идентитетите на двајцата самоубиствени напаѓачи. 


Тагови:

Слични вести