Турција е значаен стратешки партнер на Германија

Пратениците во германскиот федерален парламент Биндестагот го изразија своето длабоко жалење поради терористичкиот напад во Анкара во саботата и нагласија дека нападот е насочен против демократијата и мирот во Турција

392535
Турција е значаен стратешки партнер на Германија

На дневен ред на германскиот федерален парламент Биндестагот поставена посетата на германската канцеларка Ангела Меркел што ќе ја оствари на Турција во недела.

Германските пратеници нагласија дека Турција е значаен стратешки партнер на Германија.

Пратениците во Биндестагот го изразија своето длабоко жалење поради терористичкиот напад во Анкара во саботата и нагласија дека нападот е насочен против демократијата и мирот во Турција.

Пратениците од Демохристијанската унија (ЦДУ) и Социјалдемократската партија (СПД) кои учествуваат во германската влада се осврнаа на значењето на посетата на Меркел на Турција.

Пратеникот од Демохристијанската унија Андреас Ник во своето обраќање рече дека Турција е стратешки партнер за Германија кој што не треба да се изгуби.

Останатите пратеници во германскиот Федерален парламент привлекоа внимание  дека кога ќе се погледне кон конфликтите на Блискиот исток и во Северна Африка ќе се согледа оти Турција одигрува значајна улога во овие мошне стратешки региони.

Некои пратеници подвлекоа дека треба да се продолжи и развие дијалогот со Турција и констатираа дека тоа ќе биде во полза на Германија.

Пратеничката од Социјалдемократската партија Мишел Мунтерферинг во своето обраќање нагласи дека терористичкиот напад во Анкара е насочен против демократијата и мирот во Турција, по што го изрази своето сочувство до Турција на турски јазик велејќи: Türkiye başınız sağ olsun.  

  

 


Тагови:

Слични вести