„Во врска со терористичкиот напад се разгледуваат сите можности"

Претседателот Ердоган истакна дека постојат разузнавачки информации во однос на тоа дека реализираниот терористички напад во Анкара е поврзан со Сирија, но рече дека исто така се разгледуваат сите можности

392046
„Во врска со терористичкиот напад се разгледуваат сите можности"

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по остварената средба лице в лице одржа заедничка прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинисто кој престојува во официјална посета на Турција.

Претседателот Ердоган истакна дека постојат разузнавачки информации во однос на тоа дека реализираниот терористички напад во Анкара во саботата е поврзан со Сирија, но нагласи дека исто така се земаат во предвид и разгледуваат сите можности вклучувајќи ги и терористичките организации ДЕАШ, ПКК, ПЈД, ЈПГ, ДХКП-Џ или други случни терористички организации.

Велејќи дека Ердоган Турција тероризмот не го класифицира според методот што го применува, Ердоган рече:

„Ние тероризмот не го класифицираме според она како се дефинира самиот, кое име го користи, кои изговори ги изнесува и кој метод го применува. Ние тероризмот го нарекуваме само тероризам. Секој оној кој кон ова прашање не приоѓа на овој начин, секој оној кој применува двоен стандард пред тероризмот и против терористичките организации, отоврено велам дека го поддржува тероризмот. Ние онака како што не правиме разлика меѓу начините на убиство, така не правиме разлика и меѓу убијците и терористичките организации. Сите терористички организации од наш аспект во ист степен се злосторнички, во ист степен неморални и во ист степен лоши.“

Претседателот Ердоган истакна дека терористичкиот напад пред железничката станица во Анкара во кој животот го загубија 97 лица е насочен против Турција и дека цел на нападот беше целата земја и целиот народ.

Ердоган напомена дека за истражување на терористичкиот напад ја задолжи Институцијата за државна контрола и рече: „Не само машите, сигурно треба да бидат откриени и силите од чија страна се користат. Во врска со нападот во Анкара ја задолжив Институцијата за државна контрола, но посакав да изврши испитување од поразличен аспект. Мислам дека не треба да се изостави ниту една можност во врска со нападот.“


Тагови:

Слични вести