Претседателот Ердоган водеше телефонски разговор со Бан Ки-мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во телефонскиот разговор го достави до претседателот Ердоган своето сочувство за загинатите во терористичкиот напад во Анкара

353309
Претседателот Ердоган водеше телефонски разговор со Бан Ки-мун

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Според добиени информации од извори на кабинетот на претседателот, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го доставил до претседателот Ердоган своето длабоко жалење поради терористичкиот напад во Анкара и го изразил своето сочувство за загинатите.

Претседателот Ердоган пак во разговорот нагласи дека Турција води одлучна борба против сите видови терористички организации како што се ПКК, ДХКП-Џ и ДЕАШ.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја изразил и својата загриженост поради случаите со нарушување на турскиот воздушен простор од страна на руските авиони кои реализираат воздушни напади во Сирија, а исто така станало збор и за прашањето со Либија.

Бан Ки-мун и се заблагодарил на Турција за нејзините напори во правец на надминување на спорот меѓу страните во Либија. 

 

 


Тагови:

Слични вести