Блиску сме до утврдување на идентитетот на едниот од напаѓачите

Премиерот Ахмет Давутоглу изјави за еден приватен телевизиски канал дека продолжуваат ДНА-анализите за утврдување на идентитетот на терористите од чија страна е извршен нападот

391448
Блиску сме до утврдување на идентитетот на едниот од напаѓачите

Премиерот Ахмет Давутоглу истакна дека сомневањата во врска со реализираниот кукавички терористички напад во сабота пред железничката станица во Анкара се интензивирани над терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Давутоглу напомена дека било установено и тоа како двајцата самоубиствени напаѓачи кои го реализираа терористичкиот напад дошле на местото на нападот.

Премиерот Ахмет Давутоглу изјави за еден приватен телевизиски канал дека продолжуваат ДНА-анализите за утврдување на идентитетот на терористите од чија страна е извршен нападот.

Давутоглу рече: „Блиску сме до утврдување на идентитетот на едниот од двајцата напаѓачи. За оваа личност се знае до која терористичка организација е блиска.“

Велејќи дека во последната една недела се фатени и неутралзиирани двајца самоубиствени напаѓачи кои се спремале за напад, Давутоглу рече: „Онаму каде што постои пропуст ќе бидат преземени и потребните чекори. Меѓутоа никој не знае дека 3 или 4 дена пред случајот во Истанбул беше фатен самоубиствен напаѓач. Исто така никој не знае дека еден самоубиствен напаѓач кој се спремал за напад врз државни цели беше фатен и во Анкара. Овие терористички напади беа спречени.“

Премиерот Давутоглу нагласи дека со терористичкиот напад во Анкара се водат обиди за воспоставување на психолошко влијание над претстојните парламентарни избори на 1 октомври при што укажа на потребата од воспоставување на општествениот интегритет и заедништвото меѓу граѓаните.


Тагови:

Слични вести