Во терористичкиот напад во Анкара загинаа 95, а 246 лица се повр

Во нападот беше употребен ТНТ експлозив кој беше зајакнат со метални лагери

391153
Во терористичкиот напад во Анкара загинаа 95, а 246 лица се повр

Во терористичкиот напад во Анкара загинаа 95, а 246 лица се повредени.

Во рамките на собирањето на граѓаните пред железничката станица на Анкара за одржување на Митингот на трудот, мирот и демократијата, се случија две последователни експлозии. Веднаш по настанот беше прогласена тридневна жалост во земјата.

Соопштението објавено од страна на Владиниот координационен центар ја изнесе тажната слика за настанот. Во соопштението беше објавено следното:

Заклучно 23.10 часот на 10 октомври, продолжува хоспитализацијата на 246 повредени граѓани во болниците, од кои 48 се на интензивно одделение. Бројот на загинатите во грозоморниот напад изнесува 95 лица. 29 болници во Анкара се во будна состојба. Републичкото главно обвинителство на Анкара продолжува со утврдувањето на идентитетите на граѓаните и аутопсијата. Во тие рамки, веднаш по завршувањето на аутопсијата, посмртните остатоци им се предаваат на семејствата. Досега се предаден 10 трупови на семејствата.

Безбедносни извори соопштија дека според резултатите од првичните истражувања, двајца од загинатите биле самоубиствени напаѓачи. Продолжуваат активностите за утврдување на идентитетите на самоубиствените напаѓачи.

Исти извори истакнаа дека во нападот беше употребен ТНТ експлозив кој беше зајакнат со метални лагери.

Веднаш по експлозијата, премиерот Ахмет Давутоглу одржа безбедносен состанок во Анкара.

На шестчасовниот состанок учествуваа потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган, министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, генералниот директор на полицијата Џелалетин Лекесиз и валијата на Анкара Мехмет Киличар.

Премиерот Ахмет Давутоглу на прес конференцијата што ја одржа по состанокот рече дека нападот е извршен против интегритетот, стабилноста и демократијата на Турција.

Премиерот Давутоглу во освртот на нападот рече:

Во Истанбул беше фатен еден самоубиствен напаѓач за кого се претпоставува дека е поврзан со терористичката организација ДХКП-Џ, во Анкара беше фатен еден друг самоубиствен напаѓач за кого се претпоставува дека се подготвувал да изврши напад на членовите на правосудството. Сите овие показатели ни покажуваат дека се работи за сеопфатни терористички напади чија цел се Турција. Значи се работи за различни групи, а не само приврзаниците на една оска или група. Цел на терористичките напади е стабилноста и да се предизвика закана за демократијата на Турција.

Ако станува збор за евентуални недостатоци, слабости и пропусти, издадов инструкција да се извршат потребните истражувања, рече премиерот Давутоглу и подвлече дека ќе се преземат потребните превенции и ако станува збор за било какво занемарување, ќе се фрлат потребните чекори и на тоа поле. Никој не треба да се сомнева во тоа.

Нападот е извршен против единството, стаби8лноста и демократијата на земјата. И повикувам граѓаните да бидат внимателни наспроти сите евентуални провокации, да бидеме единствени и да покажеме дека сме заедно. Исто така им се обраќам и на политичките лидери. Тероризмот не треба да го вреднуваме според тоа кој го направил или оштетените. Секој оној кој што извршил масакр е виновен бидејќи извршил кривично дело. Треба да бидеме збиени рано до рамо и да формираме заеднички став против тероризмот.

Денес е ден кога треба да бидеме единствени и во меѓусебна солидарност, рече премиерот Давутоглу и додаде дека овие мрачни денови ќе поминат и демократијата ќе продолжи да живее.


Тагови:

Слични вести