Во експлозијата во Анкара 95 загинати

Сеуште не се познати причините за експлозијата

352279
Во експлозијата во Анкара 95 загинати

Во експлозијата на раскрсницата кај железничката станица во Анкара загинаа 86 лица.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во две посебни експлозии биле повредени 186 лица.

Исти извори соопштија дека сеуште не се познати причините за експлозијата.

На местото на експлозијата беа испратени голем број амбулантни коли.

Повредените беа пренесени во најблиските болници.

Експлозиите се случија за време на собирањето на граѓаните кои што сакаа да учествуваа на денешниот Митинг за труд, мир и демократија.

Веднаш по експлозијата претседателот Реџеп Тајип Ердиоган, премиерот Ахмет Давутоглу и лидерот на опозиционата Републиканска партија ЏХП Кемал Киличдароглу ги одложија програмите планирани за денес.

Претседателот Ердоган во кратката изјава за печатот рече дека го проколнува гансниот напад, на семејствата на загинатите им посакува искрено соучество, ана повредените што побргу да оздрават.

Премиерот Ахмет Давутоглу во 12 часот започна со безбедносниот состанок. На состанокот учествуваат потпретседателот на владата Јалчин Акдоган, министрите за внатрешни работи и здравство, потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан и, генералниот директор на полицијата Лекесиз и валијата на Анкара Киличлар


Тагови:

Слични вести