Во терористички напад животот го загуби 25 годишен млад човек

Во експлозија во едно градилиште во населеното место Ѓуројмак кај градот Битлис животот го загуби 25 годишниот син на човарот на градилиштето, а две лица беа ранети

349443
Во терористички напад животот го загуби 25 годишен млад човек

Терористичката организација ПКК повторно реализира напад врз цивили.

Група терористи поставија експлозив во градилиштето на единицата за доставување услуга за селата во населеното место Ѓуројмак кај градот Битлис.

Притоа во експлозијата животот го загуби 25 годишниот син на чуварот на градилиштето, а две лица беа ранети.

Ранетите беа префрлени на лекување во Државните болници во Татван и во Ѓуројмак.

Во меѓувреме безбедносните сили сличен терористички напад во населеното место Ѓуројмак спречија во последен момент.

Беше пронајдена голема голичина експлозив во канализација.

Експлозивот беше експлодиран контролирано.

Во населеното место Меркез Баглар кај градот Дијарбакир пак еден терорист кој се подготвувал за терористичка акција беше фатен со три пиштоли на себе.



Тагови:

Слични вести