Свечено спуштен во морето амфибискиот брод Бајрактар

На свеченото спуштање во морето на амфибискиот брод Бајрактар од домашно производство во бродоградилиштето Тузла во Истанбул учествуваше и претседателот Р. Т. Ердоган

349195
Свечено спуштен во морето амфибискиот брод Бајрактар

Свечено спуштен во морето амфибискиот брод Бајрактар од домашно производство.

На церемонијата што се одржа во бродоградилиштето Тузла во Истанбул учествуваше и претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој во говорот што го одржа во оваа пригода рече дека со секој поминат ден се намалува зависноста на Турција кон надвор во одбранбената индустрија.

Ердоган истакна дека порастот на терористичките настани ја изнесува и праведноста во инвестирањето во одбранбената индустрија.

Претседателот Ердоган рече: „Терористичките напади кои што повторно се интензивираа од јули, случувањата во регионот во кој се наоѓаме и уште голем број други развои ја налагаат потребата да ги засилиме овие наши активности и да ги завршиме нашите подготовки. Повторното засилување на тероризмот покажува колку сме праведни во инвестирањето во одбранбената индустрија.“

Велејќи дека дипломатијата која нема да биде поддржана со воена сила би не оставила на половина пат, претседателот Ердоган рече: „Ние не можеме да толерираме да останеме на половина пат. Затоа треба да се опремиме во секоја сфера, да ги надоместиме нашите недостатоци и со полна пареа треба да напредуваме кон нашите цели.“

Воениот систем и дизајнот на амфибискиот брод Бајрактар се реализирани со целосно национални, домашни можности.

Делот на домашната индустрија во производството на бродот е 70-отсто.

Амфибискиот брод Бајрактар освен во околните мориња ќе биде на задача и во океаните, а при потреба може да се употребува и за активности за пребарување и спасување за време на природни непогоди.

Бајрактар располага со целосна заштита од нуклеарни, биолошки и хемиски напади, а исто така самиот ја произведува и сопствената електрична енергија.   

 


Тагови:

Слични вести