Претседателот Ердоган на турнеја по Франција, Белгија и Јапонија
Претседателот Р. Т. Ердоган денеска заедно со неговата сопруга Емине Ердоган и со неколкумина министри заминa за Франција
Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган денеска ја започна турнејата во чии рамки ќе ги посети Франција, Белгија и Јапонија.
Ердоган во 13:00 часот според турско време со специјалниот авион „TUR“ замина за Франција. првата станица од неговата турнеја.
Заедно со претседателот Ердоган за Франција заминаа и неговата сопруга Емине Ердоган, министерката за ЕУ Берил Дедеоглу, министерот за енергија и природни ресурси Али Риза Алабојун и министерот за култура Јалчин Топчу.
Ердоган најпрвин ќе учествува на манифестацијата „Национално единство против тероризмот“ што ќе се одржи во францускиот град Стразбур, а потоа ќе се состане со турските граѓани кои живеат во Франција.
На 5 и 6 октомври претседателот Ердоган на покана на белгискиот крал Филипе ќе престојува во посета на Брисел.
Ердоган ќе се состане со кралот Филипе и со белгискиот премиер Шарл Мишел.
Освен тоа претседателот Ердоган во Брисел ќе оствари средби и со високи функционери на ЕУ по што на 6 октомври заедно и со белгискиот крал Филипе свечено ќе го отвори Фестивалот за култура и уметност Еуропалија чиј почесен гостин е Турција.
Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по посетата на Белгија ќе замине во посета на Јапонија каде што ќе се состане со јапонскиот император Акихито и со премиерот Шинзо Абе.
Слични вести

Турција плаче и тагува за хероите кои загинаа во хеликоптерската несреќа
Претседателот оствари телефонски разговор со семејството на херојот генерал-потполковник Осман Ербаш