„Нашите срца повторно бијат и ќе продолжат да бијат заедно"

Претседателот Ердоган во Стразбур им се обрати на голем број турски граѓани кои се собраа од голем број европски земји

387523
„Нашите срца повторно бијат и ќе продолжат да бијат заедно"

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во францускиот град Стразбур учествуваше на митингот „Милиони со единствен глас против тероризмот“.

Ердоган во говорот што го одржа пред голем број насобрани турски граѓани кои дојдоа од голем број европски земји рече: „Нема да дозволиме да дојде до поделба на нашиот народ.“

Нагласувајќи го илјадогодишното братство, претседателот Ердоган во својот говор даде пораки за братство и единство и рече: „Нашите срца повторно бијат и ќе продолжат да бијат заедно. Знаеме дека куршумите кои што се испукуваат врз нашиот народ се испукуваат против нашето заедништво и братство. Ние ќе ја расипаме оваа игра.“

Истакнувајќи дека Турција не води борба само против терористите, туку води борба и против тероризмот, Ердоган рече: „Ние немаме проблем со моите курдски браќа, ние имаме проблем со тероризмот и терористите.“

Ердоган упати повик до западниот свет за заедничка борба против тероризмот, по што терористичките организации ги спореди со скорпија и рече дека овие видови организации кога тогаш ќе ги каснат и оние од чија страна сега се поддржуваат и искористуваат.

Осврнувајќи се и на мигрантската криза претседателот Ердоган им се обрати на европските лидери со следните зборови: „Еј Европа! Зарем не сте ја прочитале повелбата за човекови права? Оваа работа не се решава само со добар бруто национален производ. Зошто овие луѓе ги напуштате на смрт? Ние ќе продолжиме да ги угостуваме овие невини и обесправени луѓе.“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по митингот од Стразбур замина во посета на Белгија.

 


Тагови:

Слични вести